Португалија ремизираше со Унгарија, нови два гола на Кристијано Роналдо

Во завршната вечер од репрезентативниот прозор за октомври Португалците кои се убедлив лидер во својата група одиграа само 2-2 со Унгарија која постигна златен гол во 90+1' минута од судиското продолжение. Кристијано Роналдо стигна до својот 947-ми па и 948-ми гол во кариерата и стана најдобар стрелец во историјата на квалификациите за Светско првенство!

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Португалија на 16 натпревари против Унгарија е непоразена а има дури 11 победи против Унгарците. Но гостите ќе бидат презадоволни со бодот со оглед на тоа што ја задржаа предноста од 1 бод пред Република Ирска на табелата во борбата за пласман во баражот.

Најдобриот фудбалер на сите времиња според мислењето на многумина, синоќа стигна до 143. гол за својата репрезентација од неговото деби во 2003-та година. Има 225 настапи и во тие две категории е апсолутен рекордер во Португалија.

Тој го даде својот 41. гол во квалификации за Светско првенство со што постави нов рекорд кој тешко некој да го достигне во догледно време.

Кристијано Роналдо на свои 40 години го постигна 948-от гол во својата професионална кариера во која играше за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Спортинг Лисабон и сега е во Ал Наср.

На негова возраст тој уште го брка златниот 1.000 гол во кариерата за што вели дека му е цел и сон истовремено.

Неговиот договор со Ал Наср е до 2027-ма година а пред неколку дена беше објавено дека тој станал првиот фудбалер милијардер.

Standings provided by Sofascore
15 октомври 2025 - 08:35