Фудбалерите од првата српска фудбалска лига наредниот викенд ќе имаат еден ден повеќе одмор. Поради одржување на геј парада на денот кога е закажано редовното 7 коло од првенството, фудбал кај нашиот северен сосед ќе се игра еден ден подоцна.
Како што пренесуваат српските медиуми, за одржувањето на геј парада потребно е ангажирање на голем број полицајци кои ќе го обезбедуваат центарот на Белград, а тоа значи дека полицијата нема да може да се посвети целосно на безбедноста на стадионите.
Здружението на прволигаши ги извести сите клубови дека во недостиг на недоволно полицијата која ги обезбедува натпреварите, колото ќе се одигра во недела.