Подмладување во Интер на бугарски начин

Знаете ли дека поранешен соиграч на Христо Стоичков, сега е член на Интер У19? Како тоа? Епа така, кога место Livescore сте запнале да користите Rezultati.com.

Интер Примавера ја совлада Сампдорија со 3:0 и сè е тука океј, додека не им ја истражите детално клупата за резервни играчи. А таму во мултинационалниот состав на Интер ќе забележите едно бугарско име Николај Илиев.

Не е ништо спорно името или земјата од каде што доаѓа, туку возраста. Роден е една година после земјотресот во Скопје, а сега игра за Интер У19. На прва следново ни доаѓа на памет:

Во Rezultati.com вработиле погрешен човек или па им влегол хакер во систем, инаку како другачије тим со играчи до 19 години би примил 56 годишен фудбалер?

Од чиста радозналост просурфавме за ликов кој да ти бил дел од историскиот успех на Бугарија која стигна до сензационалното полуфинале на СП 1994.

Инаку Илиев е четирикратен шампион на Бугарија со Левски Софија, кој направил и меѓународна кариера во Херта, Рен и Болоња, со што станал прв Бугарин кој заиграл во Серија А.

Толку е друже, не си веќе млад за во Италија.

22 септември 2020 - 12:06