Поддржи го ОФК Малеш со полусезонски билет од 300 денари

По теркот на ФК Вардар и во Берово се појави слична акција за помош во овие тешки времиња, со тоа што во случајов самиот клуб ги повика навивачите да помогнат за да им се подобри финансиската состојба.

Акцијата на третолигашот гласи „Биди и ти дел од Малеш“, а целта е навивачите да купат полусезонски билет кој за жал за сега не можат да го користат подари Ковид протоколите, но така би му помогнале на клубот.

Билетот практично претставува ваучер за помош на клубот со кој секој што ќе го купи учествува да се подобрат условите за тренинг, како и да се снабди фудбалска опрема за да може да функционираат нормално.

Гестот на Беровчани е симпатичен, а и покрај тоа што се третолигаши, сепак направија убави професионални фотографии со кои апелираат за помош.

5 евра бараат од човек, сума на која веројатно не би се противел ниту еден нивен верен навивач. 

Posted by ОФК МАЛЕШ - Fanshop on Sunday, February 21, 2021
22 февруари 2021 - 14:59