Победа на Абердин благодарение на волејот на Миовски

Трансферот во Шкотска минатото лето му се погоди како кец на десетка. Стигна до 15 гола во првенство, а првиот на табела има четири повеќе.

Бојан Миовски е стандарден првотимец и стандарден голгетер во Абердин кој славеше против Ливингстон со 1:0.

Македонскиот репрезентативец демонстрира убиствен голгетерски инстинкт и царува во шеснаесетникот, а победата на својот тим му ја донесе со убав волеј во 44 минута.

За него ова е петти гол во 2023-та и вкупно 15-ти сезонава. Пред него на табелата на стрелци се само Фурхаши од Селтик (19) и Шанкланд од Хартс (17).

Абердин се наоѓа на шестата позиција на табела со 35 бода, на само два бода Хиберниан и Сент Мирен.

26 февруари 2023 - 08:59