И покрај името со кое би се гордеел секој фудбалер, Пеле не се прослави во својата земја во која настапуваше за Лече, Парма и Сампдорија, па ниту за Ал Алкмар каде настапуваше четири години. Но во неговата втора сезона во Феенорд тој прави растур систем и на 39 меча до сега има постигнато 37 гола.
Поради таквиот придонес за 14 кратниот холандски шампион, клубот му направи место во музејот во друштво на многу клупски легенди, а тој возврати со донариње на топката со која го постигна првиот хет трик за Феенорд, како и со гелот и чешелот без кои обично не можат фудбалерите лепотани.
28 годишниот Пеле минатата година за тимот од Ротердам постигна 29 гола на 30 меча, а во ист стил продолжи и оваа сезона со 9 гола на 10 меча. Тоа го направи најдобар стрелец од Италија во странство, подобар и од Лука Тони во Баерн Минхен и Бобо Виери во Атлетико Мадрид.
Освен одичната за сега втора сезона во Феенорд, Пеле со своето име е одличен предмет и за маркетинг, а со неговиот изглед и модата која ја тера, тој е голем идол помаѓу младите Холанѓани.