Пази куче!

Како и на комшиската врата од дворот, така и на стадионите во Бразил во иднина треба да стои натписот „Пази куче!"

За време на натпревар од шампионатот на бразилската држава Рио Гранде до Сул помеѓу Кашиас и Ново Хамбурго, по еден постигнат гол, фудбалерите на Кашиас бурно протестираа кај помошниот судија, па мораше да интервенира и полицијата.

Најдобро се снајде едно од полициските кучиња кое ја смири ситуацијата гризнувајќи го напаѓачот Вандерлеи.

26 март 2012 - 11:06