![Epa images Epa images](/files/styles/780px/public/offside/2025/02/12/439442-pandev-na-elmas-mu-e-podobro-vo-serija-a-otkolku-vo-bundesliga.jpg?itok=SwPf_b-5)
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев во интервју за подкастот „Радио Лацијале“ меѓу другите теми зборуваше и за неговиот ученик Елиф Елмас кој се врати во Италија.
Пандев се јавил во живо во емисија на „Радио Лацијале“ а причина било претстојното дерби Лацио - Наполи, два клуба во кој Струмичанецот остави длабока трага.
Елмас во Ред Бул Лајпциг потпиша по трансфер вреден 25 милиони евра. Си отиде од Наполи каде освои шампионско скудето.
„Елмас во Торино? Тој направи добар избор што се врати во Италија и мислам дека му одговара повеќе Серија А отколку Бундеслига“, вели Пандев кој додаде и дека на македонските фудбалери им е тешко да потпишуваат со италијански клубови зошто се водат како играч вон-ЕУ. Додава и дека во моментов немаме млади играчи кои се спремни да заиграат во Серија А.