Foto: EPA
После собирот во Грузија оваа година, легендите на Интер повторно ќе се дружат, но овој пат во Кина.
Се работи за пријателски натпревар меѓу легенди на Интер и Милан кој е закажан за 5 октомври во кинескиот град Нанинг.
Горан Пандев е поканет во убаво друштво на напаѓачи заедно со Андриано, Милито и Вентола
Голмани: Себастиен Фреј, Томазо Берни.
Обдрана: Хавиер Занети, Марко Матераци, Иван Кордоба, Даглас Маикон, Андреа Ранокија, Франческо Колонезе.
Среден ред: Естебан Камбијасо, Весли Снајдер, Борха Валеро, Хусин Харја, Јоргос Карагунис.
Напад: Адриано, Диего Милито, Никола Вентола, Горан Пандев.
Пандев редовно добива повици од Милано каде не го забораваат после оние славни денови во кои ги освои сите трофеи.
Само оваа година, за него ова ќе биде трет настап со поранешните соиграчи на Интер.
Беше дел од пријателскиот натпревар меѓу ветераните на Интер и грузискиот фудбал кој се одигра во март, а во мај отпатува во Романија каде настапи за тимот на светот против селекцијата на Романија 1994 предводена од Ѓеорге Хаџи.
Во првото коло од ЛШ оваа сезона беше гостин на Етихад.