Дарко Панчев во интервју за ФФМ, зборува на повеќе теми. За почетоците на македонската фудбалска репрезентација пред 30 години и разликата меѓу тогашниот и денешниот таканаречен модерен фудбал.
За актуелната ситуација на националниот тим, како дебаклот против Англија, шокантниот пораз од Украина со пресврт, ремито со Италија, па сè до мечот кој не очекува во сабота.
Повторно го истакнува Боби Милевски, кој смета дека е прв селектор кој покажал храброст да нападне, а ги критикува оние што откажале да играат, алудирајќи на случајот Стефан Ристовски.
За подигнувањето на квалитетот на оваа репрезентација која завери историски пласман на ЕП, исто како и на сите претходни интервју, го истакнува везниот ред составен од Елмас, Барди, Адеми и Алиоски, без да го изусти името на Пандев.
Вели дека му сметало што одредени медиуми велеа дека тоа е најдобрата репрезентација во историјата со најдобриот селектор, а истовремено не пишувале дека Сејдини е најдобриот претседател на ФФМ и барале да го сменат.
За Елмас има совет, а тоа е дека за да стане голем играч најдобро е да го смени клубот и да оди некаде каде би играл стандардно.