Остана бате ти на клупа до крај на сезона

Толку ќе биде изгледа од авантурата на Тимуе Бакајоко во Милан. Дечкото има три кикса за месец дена, а синоќа се дрзна да го опцуе Гатузо.

На синоќешниот меч Милан - Болоња 2:1, во 26-та минута се повреди Лукас Биља. Гатузо сакаше во игра да го внесе Бакајоко, но овој му одговорил дека не може одма бидејќи морал да се загрее.

Рино го загубил трпението и во игра го ставил Хозе Маури кој инаку сезонава има само пет настапи во Серија А, а не одиграл натпревар од 21 јануари.

Италијанските медиуми пишуваат дека Бакајоко му рекол на Гатузо: „Одјеби“ или “fuck off man”, а Гатузо му вратил: „Ќе се видиме после во соблекувална“.

24 годишниот Французин кој дојде како позајмен играч од Челси, со оглед на однесувањето тешко дека ќе игра уште една сезона во Милан.

Пред неполн месец во друштво на Кеси се исмејуваа со дресот на Ачерби од Лацио кој го добија како размена после мечот. Доста идиотски потег кој не сме виделе друг да го направи.

Потоа задоцни саат време на тренинг по што цел тим како казна мораше да биде пет дена во карантин, а Бакајоко да плати парична казна од 90.000 евра.

Капак на сè му е ова одбивање да влезе во игра и пцуење кон тренерот.

7 мај 2019 - 09:15