Таг: бакајоко

Го апси, го претресува и потоа колегата му кажува дека е играч на Милан

Во Италија се случи полициска акција која сигурно ќе биде исмејувана на сите комични емисии, а ги имаа бајаги. Фаќаат човек со капче, го тресат, за во еден момент џандарот да му каже на колегата дека се работи за Бакајоко од Милан, инаку тазе шампион во Серија А. Реакцијата на ќелавиот е хит.

Не ти Бакајоко, Кеита треба да излезе

Тимуе Бакајоко од Монако ја изнасмеа викендов цела Франција, а и пошироко. Монако прави измена и го вади од игра играчот со број 14 Кеита Балде. Но за измена се јави Бакајоко со број 6 кој претходно ја носеше 14-та и уште не е навикнат на новиот број. Си се изнасмеа самиот на грешката.

Остана бате ти на клупа до крај на сезона

Толку ќе биде изгледа од авантурата на Тимуе Бакајоко во Милан. Дечкото има три кикса за месец дена, а синоќа се дрзна да го опцуе Гатузо.

Кога ќе дадеш 40 милион фунти за стебло

Има 23 години, роден е во Париз, влече африканско потекло. Од Монако лани дојде во Челси за околу 40 милиони фунти и требаше да биде замена за Немања Матиќ кој замина кај Мурињо во Манчестер Јунајтед. Ама па требаше и е не е исто.

Потег по кој сигурно ти се смее цел стадион

Фудбалерите на Челси не успеаа да го совладаат Атлетико, а тоа значи второ место во група и потежок противник во осминафинале кој ќе го добијат од шеширот на носители. Потегот на вечерта на Стемфорд Бриџ го имаше Бакајоко, кој фалеше уште нога да свитка и да го носат со носилки.