Олмо со дебитантски гол донесе победа за Барса

Барселона е единствена екипа со 9 освоени бода после 3 кола во шпанска Ла Лига откако синоќа го преброди тешкото гостување кај Рајо Ваљекано. Домаќинот прв поведе уште во 9' минута а Барселона израмни после час игра преку Педри. На стартот на вториот дел во игра влезе и европскиот шампион со Шпанија Дани Олмо кој конечно беше регистриран од клубот да може да игра во Ла Лига и токму тој со гол донесе голем пресврт и триумф 1-2.

 

28 август 2024 - 11:52