„Не, не, не. Не го очекував ова. Реков дека ништо не е невозможно и дека ако е можно тогаш Енфилд е едно од местата каде невозможното го прават возможно.
Морам да кажам дека според мене, овој пресврт има само едно име. Јирген. Не се работи тука за тактика, филозофија, туку за срце и душа, како и фантастичната емпатија која ја создаде со таа група на играчи.
Ризикуваат да завршат фантастична сезона без ништо да прослават, а сега се на чекор да станат европски шампиони. Мислам дека Јирген го заслужи тоа.
Работата која ја прави во Ливерпул е фантастична, но овде се работи за карактер, за тоа никогаш да не се предаваат, за боречки дух, секој играч дава сè, потоа не плачат кога им фали играч.
Не плачат што играат 50 или 60 натпревари во сезона, a други тренери во други лиги се жалат со тоа што нивните играчи играат многу натпревари, а тоа се 30-40.
Сè е до менталитетот на Јирген“.