Од очај до сјај - по 9 месеци суспензија Пауло Фонсека има 13 победи по ред со Лион

Ова што се случува со Олимпик Лион од почетокот на сезоната е за сериозен документарец. Минатото лето беа исфрлени во најнизок ранг на францускиот фудбал поради страшни финансиски проблеми и долгови над стотици милиони евра. Се смени сопствеништвото, дојдоа други луѓе. Тренерот Пауло Фонсека кој во минатото ги водеше Милан и Рома, имаше чуден старт.

Лион со реакција на локалните власти, навивачите и врвот на францускиот фудбал беше вратен таму каде што му е место, во Лига1 со административна одлука.

Сезонава ја почнаа бледо и дури ни на сон никој не помислуваше дека ќе стигнат онаму каде што се во моментов.

Тренерот Фонсека на еден од првите натпревари откако седна на клупата на Лион имаше неверојатен испад и како никој тренер досега вербално и физички нападна главен судија во март 2025-та. Заслужено доби 9-месечна казна.

После цели 9 месеци Фонсека конечно се врати на клупата на 7-ми декември 2025-та на гостинскиот дуел со Лориен. Од тогаш наваму Лион не знае за пораз.

Трофејниот клуб во моментов има серија од 13 победи со него на клупата во прва лига. Лион е трет со 45 бода (14 победи) во Лига 1, шест помалку од второпласираниот ПСЖ (51 бод) и 7 помалку од лидерот Ленс (52 бода). Лион има големи шанси да се врати во Лига на шампиони после долго време.

После натпреварот со Ница и победата 2-0, навивачите го скандираа името на Фонсека а тој се расплака после сè што помина:

 

17 февруари 2026 - 09:23