Златан Ибрахимовиќ (39) и Кристијано Роналдо (36) ја тресат италијанската лига, Фабио Кваљарела (38) со головите во Сампдорија во јануари заслужи голем интерес кај Јувентус, но нивниот врсник Горан Пандев (37) остана во нивна сенка само затоа што игра во “малата“ Џенова.
Македонскиот ас веќе долго време размислува за пензија, но тоа што стигна до 100 гола во Серија А покажува дека донел добра одлука што останал најмалку до летото кое доаѓа. Така во кариерата ќе го забележи и првиот историски настап на ЕП со неговата Македонија која избори пласман токму со неговиот гол.
Еден од најдобрите играчи од Балканот во своето време.
Пандев зад себе има импресивна кариера во која ја почувствува горчината на очајните резултати, но и убавината на најголемите победи. Како млад фудбалер, се калеше во Анкона, која е запаметена како најлошиот тим во историјата на Серија А. Шест години подоцна, со Интер, тој стана шампион на Италија, Европа и освојувач на купот. Беше предводник на еден од најсилните тимови на Лацио во оваа ера и сјајната генерација на Наполи, која за прв пат по времето на Диего Марадона го врати овој клуб на врвот на италијанскиот фудбал.
Сличен пат почувствува и во македонската репрезентација. Знаеше како да поврзе дури седум порази и да жали по 14 примени гола на три натпревари против Финска и Чешка, но во ноември минатата година ги залечи сите рани кога постигна гол против Грузија вреден пласман на ЕП. Пред еден месец, тој беше стрелец и на сензационалната победа на гости над Германија во квалификациите за СП.
Македонецот исто така добро знае како е да се игра на позајмица и да се биде дел од понуда со која клубот сака да донесе подобар играч, а исто така помина искуството на тренинг надвор од првиот тим по расправија со претседателот.
Сè уште не знае кога ќе се збогува со фудбалот, но сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи од Балканот во своето време. Во неговите подоцнежни години, не може да ги измами противниците толку брзо како порано, но неговата луцидност и убиствена лева нога и понатаму им носи страв на противниците од Серија А.
Кариерата ја започна во Беласица, клуб од неговиот роден град Струмица. Веќе како 17-годишник дебитираше за првиот тим, а во единствената сезона во македонската лига, одигра 18 натпревари и постигна шест гола.
Интер го донесе за 25.000 евра, па ако помине, помине
Талентираниот млад играч така го привлече вниманието на големиот Интер, кој го донесе летото 2002 во У-19 летото за незначителни 25 илјади евра, па ако помине, помине. По само еден месец, го испрати на позајмица во Специја, која се натпреваруваше во третата лига и една година подоцна во Анкона, која залута во Серија А.
Во клуб од град каде има само околу 100 илјади жители, Пандев го собра искуството да игра на највисоко ниво, но пред сè научи како да изгуби. Анкона во првите 28 кола од сезоната 2003/2004 беше без победа, а на крајот имаше само два триумфа со 21 постигнат гол и дури 70 примени. Освои само 13 бодови, искористи дури 46 играчи и остана запаметена како најлошата екипа во историјата на лигата.
Иако играше за лузерски клуб, Пандев на 20 првенствени настапи покажа доволно за да остане во Серија А, но не и да се врати во Интер, кој со финансиска компензација му отстапи 50 проценти од правата на Лацио за да го донесе Дејан Станковиќ. Една година подоцна, тој ги остави преостанатите 50% на Удинезе како дел од трансферот на Давид Пизаро.
Во Рим мина пет и пол сезони, а тој период ќе остане запаметен по неговиот маестрален погодок во поразот од Јувентус во неговата дебитантска сезона, освојувајќи го третото место во Серија А во 2007 година и Купот на Италија во 2009 година.
Голот против италијанскиот гигант беше втор за Лацио, а го постигна откако со финта ги измами Фабио Канаваро, Лилијан Турам и Џанлука Замброта, најдобрите светски дефанзивци во тоа време.
Во продолжение на богатата и опсежна сторија за македонската легенда, Индекс го опфаќа целиот негов фудбалски пат. Од историските мигови во Интер со Мурињо, слободниот удар на миланското дерби, двата Купа со Наполи каде играше со Кавани, Лавеци и Хамшик, потоа кусата авантура во Галатасарај, па се до Џенова каде стана прв Македонец во историјата со 100 гола во топ 5 лигите во Европа.
Познатиот хрватски портал пишува и за отворањето на Академија Пандев, како и за подемот на македонската репрезентација и кулминацијата во незаборавното финале кое го реши токму Пандев на гостински терен за пласман на ЕП 2020.
100 - Goran #Pandev is the first Macedonian player to score at least 100 goals in the Top-5 European Leagues. Historic.#GenoaBenevento #SerieA pic.twitter.com/up5ahp4uAl
— OptaPaolo (@OptaPaolo) April 21, 2021
На крај потсеќа дека Горан Пандев во 2009-та година поради спортски достигнувања и популаризирање на спортот во Македонија, доби Орден за заслуги од претседателот Бранко Црвенковски.
После сè што направи до денес, Македонците останува уште да го прогласат за крал, завршува Индекс.
Целата статија тука.