Од игра излегува таткото, во игра влегува синот

Реткост во фудбалот е истовремено во ист дрес да гледаме татко и син. Тоа требаше да се случи пред 20 години на пријателски меч меѓу Естонија и Исланд каде во Талин се појавиле двајца Исланѓани кои се разлика 17 години, но селекторот не им учинил.

Вистината во тоа е што таткото и синот не биле истовремено на терен бидејќи таткото излегол од игра, а на негово место влегол син му. Се работи за семејството Гудјонсен од кои ние го знаеме помладиот како освојува трофеи со Челси и Барселона.

Историскиот момент за исландскиот и воопшто за фудбалот се случил на пријателскиот меч Исланд-Естонија, одигран на 24 април 1996-та кога во 62 минута во игра влегол 18 годишниот Ејдур Гујонсен на местото на 35 годишниот Арнор Гудјонсен.

Кога на 25 години го прашале Арнор која е неговата најголема желба, тој одговорил: „Да заиграм фудбал заедно со Ејдур“. Но мечот во Талин бил нивна последна шанса, бидејќи потоа Ејдур ја скршил раката и пропуштил две сезони, а татко му во меѓувреме се пензионирал.

„Неостварена желба ми остана да заиграм заедно со син, а знам дека тоа беше и негова желба“, изјави постариот Гудјонсен.

Ејдур Гујдонсен сега има 37 години и уште игра фудбал. Пред три дена потпиша договор со Молде и тоа е вкупно 15-ти клуб во неговата кариера, а за селекцијата на Исланд сè уште е најдобар стрелец со 25 голови.

Татко му кој сега има 54 години исто така беше напаѓач, а најголемите успеси ги постигна во Белгија каде освои 7 трофеи со Андерлехт од кои три шампионски титули по ред во периодот од 85-та до 87 година. За Исланд има постигнато 14 голови.

15 февруари 2016 - 15:15