Фаворитот за злато на штотуку започнатиот Куп на Африкански нации, Сенегал успешно го отвори турнирот и со 3:0 ја совлада Гамбија. Два гола на мечот постигна новата ѕвезда на Африка, 20-годишниот Ламин Дијара од кој едниот беше прекрасен погодок. Дијара лани играл на Африкански Куп за играчи од домашните првенства и таму блеснал после што потпишал за француски Мец.