Буквално на самиот почеток на големото полуфинале од Купот на Шкотска меѓу Абердин и Селтик, македонскиот репрезентативен центарфор постигна прекрасен гол за 1-0. Ова е втор гол на 24-годишниот Штипјанец во кариерата против трофејниот Селтик а 24-ти сезонава. Миовски има 14 гола во првенството и 2 асистенции, има 4 гола во шкотскиот Куп и 2 во шкотскиот Лига Куп и по два во Конференциска Лига и квалификации за Европа Лига.
Со овој погодок Миовски речиси сигурно одново биде хит на насловните страни во шкотските медиуми а ништо чудно летово да направи трансфер во еден од двата најголеми шкотски клуба или да се пресели во Англија.