Нов мајсторски гол на Меси за бод во 90+3’ минута

Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами ремизираа 1:1 во новата сезона од МЛС лигата. Домаќините во 13’ минута имаа пенал но не го искористи некогашниот играч на Барселона Рики Пуиг. Во 75-та минута сепак дојдоа во водство преку српскиот репрезентативец Дејан Јовељиќ. Гостите од 87-ма минута играа со играч помалку, но тоа не му сметаше на Меси на асистенција на Алба да му донесе голем бод на својт тим.

Овој меч од трибините со син му Стефан и со Владе Дивац го следел и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој во Мајами се спрема за претстојниот турнир Индијан Велс.

26 февруари 2024 - 08:58