Нов испад од првиот човек на Славија Софија: „Јас сум од Битола, Македонија е Југозападна Бугарија“

Венцеслав Стефанов очигледно си нема попаметна работа во овие летни спарни денови, па или дамлата му удрила во ќелавицата или нешто друго е во прашање.

Македонија и Бугарија ремизираа во четвртокот вечер 1:1 во Разград, а од тој резултат позадоволни се Бугарите кои куртулија од пораз.

Но така не размислува и Венцеслав Стефанов, претседателот на Славија Софија. Откако капитенот на Македонија Стефан Ристовски на Инстаграм реагираше за првиот гаф на Стефанов, сега Бугаринот пак лапрда:

„Македонија на моменти беше поофанзивна, поорганизирана, но ако ни беа досудени двата фаули при голот на противникот, резултатот ќе беше во корист на Бугарија. Судијата дефинитивно им помогна, пеналот за мене беше чист како солза! Шутот одеше кон голот и такви измислени работи за мене како прилепена рака, глупости тоа се глупости и сè понатака беше измислено само за да не победиме. Генерално, мојата оценка за нашата игра е позитивна“,рече Стефанов кој потоа пак не се воздржа од лупетање:

„Моето потекло е од Битола, но не сум Македонец, јас сум Бугарин! Нека знаат тие кои се прават големи патриоти, Македонија е Југозападна Бугарија. Пред неколку години бев да се видам со моето семејство во Битола, ме запреа и проверија дали сум шпион. Можете ли да замислите за какво лудило зборуваме, рече Венцислав за „Спортал.бг“.

Македонија одигра одличен фудбал, но со бод се враќа од Бугарија

 

3 јуни 2022 - 15:25