
На четири меча по ред португалскиот ас има 6 гола и 5 асистенции. Синоќа на дуелот со Ал-Хазм на гости, Ал-Наср победи 1-5. Кристијано Роналдо постигна гол во 68' минута за 1-4 а имаше и две асистенции.
38-годишниот Португалец им асистираше за гол прво на Абдурахман Гариб во 33' минута а после на Отавио во 57' минута.Садио Мане го постигна последниот петти гол за гостите од Ријад.
Кристијано Роналдо има 727 гола на клупско ниво и 123 за репрезентација со што е апсолутен рекордер во историјата на фудбалот. Португалскиот ветеран во кариерата играше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
„Уште еден голем настап на екипата! Продолжуваме да стануваме посилни. Напред Ал Наср! 850 гола во кариера - и тоа уште не е крај!“, напишал 38-годишниот Роналдо на своите профили на социјалните мрежи.
Сезонава Кристијано има 12 гола и 5 асистенции на 11 меча во сите натпреварувања. Трет меч по ред постигнува гол и асистира.
Во кариерата од 850 погодоци, дури 696 му се на највисоко ниво во топ-3 лигите за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Има 850 гола и 241 асистенција во кариерата. Интересно му фали само уште една асистенција да го надмине Германецот Томас Милер кој има 242 асистенции во кариерата.