Нов гол на Бојан Миовски - Македонецот игра во животна форма
Нема ден во последно време а македонскиот репрезентативен шпиц да не се најде на насловните страни. По одличниот дебитантски настап во еврокупот кога со асистенција и гол му донесе фантастични 2-2 на Абердин на гости кај шведски Хакен, Бојан Миовски вечерва од пенал во 90+10' минута во длабоко судиско продолжение постигна гол од пенал за 2-2 на мечот Сент Мирен - Абердин во шкотската Премиер лига.
За македонскиот напаѓач ова е четврти погодок во исто толку натпревари за Абердин во сите натпреварувања на почеток на новата сезона. Во Шкотска сè погласно се зборува за евентуален трансфер на Миовски во поголем клуб во англиски Чемпионшип.