38-годишниот Лионел Меси постигна два гола во првиот дел за да му донесе висока предност на Интер Мајами, а во вториот дел му асистираше на неговиот сонародник Тадео Аљенде за конечни 4-0.
Интер Мајами победи во серијата со 2-1 против Нешвил во триумфи и оди во полуфинале.
Лео на сите три натпревари имаше вкупно 5 гола и три асистенции. Во меѓувреме стана најдобар стрелец на МЛС лигата со 34 гола и 18 асистенции.
Another milestone in a legendary career. 🐐
— Major League Soccer (@MLS) November 9, 2025
Lionel Messi reaches 400 assists for club & country. pic.twitter.com/3ePJWVhiqM
„Сакам да му честитам на Лео на одиграниот натпревар. Тој беше прв кој не поведе при висок притисок. Да се гледа тој како врши пресинг на 38 години е лудо. Сите знаевме за тоа што може Лео со топка, но што направи денес без топка беше импресивно“, изјавил тренерот на Интер Мајами и долгогодишен соиграч на Меси, Хавиер Маскерано.
Интер Мајами сега ќе игра еден натпревар во полуфинале викендот на 22-ри или 23-ти ноември.