Не залудно се зборува дека интелегенцијата кај фудбалерите во просек не е баш на високо ниво. Ова е докажано неколку пати, а и сега се потврди на натпревар во бразилската лига. На дуелот меѓу Форталеза и Интернасионал домашниот фудбалер Моизес Виера постигнал прекрасен и неверојатен гол со ножички. Следувале луди епизоди: при прослава на голот неговиот партнер од нападот Дејверсон го турнал со сета сила и го повредил па Моизес морал да излезе од игра во 51' минута. Набрзо после тоа судијата го поништил голот откако видел офсајд на ВАР снимка во акцијата кога паднал голот.