Никој како нив во историјата на Баерн - тандемот Милердовски, Томас го поздрави со занимлива порака

Дојде крајот на една убава приказна.

Стотици фудбалери, тимови, тренери го коментираа заминувањето на Левандовски од Баерн. Најјак беше коментарот на Аугзбург на Твитер.

Томас Милер исто на многу занимлив начин, со објава на култната фотографија на која наместо гушнатите Мајкл Џордан и Скоти Пипен од Чикаго Булс стојат токму Милер и Левандовски, се поздрави со Роберт.

„Фала Роберт. Сè најдобро ти посакувам во динина! Осум посебни години, многу голови, трофеи, подеми и падови, но секогаш почит и прав победнички дух“, напишал Милер во објавата.

Оригиналната фотографија е направена после најкултниот меч во клупската историја на Булс во јуни 1997 година во Солт Лејк Сити против Јута Џез

На ден пред петтиот решавачки меч од финалната серија на НБА таа сезона Џордан одмораше поради стомачен вирус. Мајкл не тренирал до натпреварот, но и покрај тоа го растури ривалот на теренот.

Тренерот на Чикаго Фил Џексон го нарече тој меч „грипозен натпревар“ и кажа дека е најдобар во целата кариера на Џордан. По натпреварот Мајкл изгуби ориентација од замор, а Пипен му помогна да се дофати до соблекувалните.

Томас Милер изгради навистина посебен однос со Левандовски. За осум сезони му намести дури 40 асистенции за гол на Полјакот и тоа е рекорд во Бундеслига. 23 помалку му намести Рибери на Робен (17 асистенции за 10 сезони).

Минатата сезона Милер и Левандовски блеснаа како речиси никогаш: од 50 гола на Роберт во сите натпреварувања, секој петти погодок бил на додавање на Германецот. Од 21 асистенција на Милер минатава сезона во Бундеслига, дури 9 завршиле со гол на Левандовски.

Заедно во тандем освоија осум шампионски титули! Освоија Лига на шампиони и три пехари во Купот. 

Сега после многу заеднички успеси и историски резултати кои ќе се паметат, двајцата се раздвојуваат. Томас Милер во мај го продолжи договорот со Баерн до 2024 година и сега може да јуриша по нова титула (со 11 освоени шампионски пехари во Бундес Милер е рекордер).

А Левандовски тргнува по нов предизвик, презаситен од растур-системот кој го правеше во Бундеслига. Најсреќни што заминува се и од Аугзбург. Еве и зошто.

18 јули 2022 - 10:04