Аугзбург најискрено го поздрави трансферот на Левандовски

Трансфер бомба на летото секако е преминот на врвниот полски центарфор Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона. Сагата за Полјакот конечно заврши после неколку месеци. Сега социјалните мрежи горат од коментари и реакции, а најјака беше онаа на бундеслигашот Аугзбург.

Луѓето или човекот кој го води Твитер налогот на германскиот клуб Аугзбург се крајно духовити. Така беше и по фамозниот премин на Левандовски од Баерн во Барселона.

Интересно за целата своја минхенска кариера во која се изнадава голови како никој никогаш, Левандовски ги матирал голманите на Аугзбург дури 23 пати на 19 меча, најмногу од сите други во Бундеслига.

Затоа Аугзбург напиша „Честитки Леви, не е дека ќе ни фалиш многу“.

Имаме целосно разбирање за симпатичниот бундеслигаш. Конечно ќе им се раздени.

18 јули 2022 - 10:32