Невообичаени протести во албанскиот фудбал

Во Албанија синоќа беше башибозук во првата лига и тоа на два од три одиграни натпревари. Прекинуваа натпревари како во маало. Тренерот на Билис мораше да го стави вториот голман.

Голманот на Билис, Џереми Вашу реши сам да го напушти натпреварот, лут што губат 2:0 од Вора до 24 минута. Наводно бил фрустриран од својата игра, како и на неговите соиграчи.

Во вториот случај, теренот не го напушти само еден играч, туку цел тим на Тирана се повлекол во соблекувална, во знак на протест поради досуден пенал за Елбасани. По 15 минути се вратиле.

25 декември 2025 - 09:48