Нема пуштање

Дуелот од последното коло во Ц групата меѓу Шпанија и Хрватска, кој ќе се одигра во понеделник е во центарот на вниманието на јавноста бидејќи од ден во ден шпекулациите за евентуалниот договор на двата тима мечот да заврши 2:2 и на тој начин да се елиминира Италија од натамошните настапи на првенството.

Како се интензивираат шпекулациите за "местење" на резултатот од друга страна нема член на шпанската репрезентација, кој потенцира дека в понеделник ќе се игра чесно.

"Резултатот 2:2 е возможен исто како и 1:0 или 0:1. Се ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите на теренот. Но, едно е јасно нема пакт меѓу двете репрезентации да се елиминира Италија. Ние ќе одиме на победа, а сметам дека истото ќе го направат и Хрватите", изјави дефанзивецот во шпанскиот состав, Раул Албиол.

Според состојбата на табелата, ниту Шпанија не е сигурна во пласманот во следната фаза, но покрај што се размислува за дуелот со Хрватска сигурно дека се мисли и на тоа што може да ги очекува во втората фаза.

"Според тоа како стојат работите, најверојатно противник ќе ни биде Англија. Тежок, но познат противник. Но, за да играме во четврт-финалето прво мора да ги победиме Хрватите", заврши Албиол.

Натпреварот Шпанија - Хрватска се игра в понеделник со почеток во 20 часот и 45 минути, а во исто време на програмата е и дуелот, Италија - Република Ирска.

16 јуни 2012 - 22:59