Екипата на Сан Хозе натпреварите во МЛС лигата ги игра на малиот Бак Шо стадион кој има капацитет од 10.000 седишта, но денот на отворањето на нивната нова арена ќе се одложи поради несекојдневна причина.
„За време на изградбата на нашиот нов стадион, градежниците мораа да престанат со работа затоа што открија големо количество на неискористена муниција во земјата која мора целосно да се исчисти за да се продолжи со работа", стои во соопштението на клубот.
Причините за ваквото откритие под стадионот на Сан Хозе е многу едноставно. Токму на ова место за време на Втората Светска војна имало фабрика каде се граделе тенкови, па се претпоставува дека оваа заборавена муниција потекнува од тоа време.
Отворањето на новиот стадион на американскиот фудбалски клуб се очекува да биде на почетокот на наредната година.