„Не знам што се чудите, лани на Баерн му се случи ова, сега нам“

Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.

Во судиското продолжение од мега дербито Реал Мадрид - Јувентус кога гостите беа на неколку секунди од чудесен подвиг и продолженија, домаќинот доби спорен пенал по стартот на мароканскиот стопер Мехди Бенатија врз шпанскиот репрезентативец Васкез:

33-годишниот англиски судија Мајкл Оливер по неколку секунди двоумење досуди пенал и навлече на себе страшен пресинг од целиот Јувентус. По целиот метеж, Буфон доби црвен картон.

Роналдо во 98’ минута му даде гол на нововлезениот Шчесни и го прати Реал во осмо полуфинале по ред во Лига на шампиони.

ШТО РЕКОА ЗА ЕПИЗОДАТА?

Кристијано Роналдо:

„Јас не разбирам зошто протестираа. Лукас беше турнат од позади, без фаул тој ќе дадеше гол“.

Лукас Васкез:

„Беше пенал. Дефанзивецот ме турна од позади кога се спремав да го завршам нападот. Неспорно е“.

Мехди Бенатија:

„Направив сè што е возможно да не го допрам. Му пријдов на Васкез од страна и ја избив топката. Очигледно е како топката отскокна од мојата нога и го смени правецот. Васкез просто падна и во таа ситуација не му преостана ништо да направи. Апсурд е тоа да е пенал“.

Џанлуиџи Буфон

Џорџо Кјелини:

„Што се чудите? Минатата година Баерн помина низ ова, сега ние. Судија без карактер, пенал немаше ни за ВАР прегледување.“.

Претседателот на Јувентус Андреа Ањели:

„Потребно е на УЕФА да и се помогне со назначување квалификувани луѓе и воведување VAR. Судијата целосно изгуби контрола над ситуацијата, настана хаос. Кога судијата ќе ја прегледа епизодата ќе биде огорчен на тоа што се случи“.

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри:

„Не сакам да судам за одлуките на арбитарот. Мене ми е жал за дечките“.

Поранешниот шпански судија Едуардо Итуралде:

„Контактот од позади не беше доволен. Тој (судијата) не смееше да свири пенал“.

Алесандро Дел Пјеро:

„Кога Џиџи зборуваше од срце беше неверојатен, го даде најдоброто од себе. Кога зборуваше за судијата мене ми беше тешко да го сфатам. Фудбалот е таков, се анализира момент: добар или лош, тоа е моментот. Не ми е јасен таквиот премин и длабоко сум убеден дека за неколку дена за судијата ќе каже поинакви работи од тие што ги кажа“.