
Меси низ годиниве урна цела планина рекорди и освои еден тон трофеи, но дел од Аргентинците скептично ги признаваа неговите заслуги. Зошто во срце уште го носеа Марадона и тоа што тој го направи на терен за Аргентина.
Во 1986-та Диего во Мексико блескаше на теренот, постигна 5 гола за цел Мундијал, им постигна два незаборавни гола на Англичаните и потоа во големото финале и подари најубав подарок на својата земја која штотуку се опоравила од воената диктатура и загубата на Малвидас (Фолкландски острови).
Од 2006-та година па се до 18. декември 2022-ра година Лионел Меси имаше четири обиди да го повтори подвигот на големиот Диего, но никогаш не му успеа. А еднаш беше толку близу што буквално со рака го допираше пехарот.
Во Катар дојде за последен обид. Големо финале против силната Франција, а Лео на свои 35 години си ја исполни животната желба.
1986 и 2002. Две легенди на Аргентина со најголемите фудбалски и воопшто спортски пехари.