Најдоминантната статистика на вечерта е дело на Баер Леверкузен

Ако некој клуб не остава без зборови сезонава, тоа е Баер Леверкузен. Фасцинантната низа без пораз од синоќа ја искачија на неверојатни 42 натпревари на сите три фронта на кои се во игра за трофеј. А сега внимавајте го овој статистички податок.

Новиот шампион на Германија (во недела ќе го пукаат шампањското), во првото четвртфинале од Лига Европа против Вест Хем имал повеќе удари кон гол, отколку гостите што имале посед на топка. 

Неверојатната статистика на неверојатниот Баер покажува дека Англичаните едвај ја виделе топката на Бај арената и имале само 27% посед, додека домаќинот бележи 33 удари.

Кога и да видите сезонава кај нив на семафорот дека е 0:0, бидете сигурни дека тоа е само моментален резултат кој не останува до крајот.

Момците на Чаби Алонсо по кој знае кој пат демонстрираа упорност и отпорот на гостите го скршија во 83-та минута, стрелец Хофман. За да ја намалат неизвесноста на реваншот се погрижи џокерот Бонифејс во 91-ва минута за конечни 2:0.

42 меча без пораз во Куп, првенство и ЛЕ. Во 2024-та имаат 16 победи и 2 нерешени. Каков тим. Играат сезона за документарец.

 
12 април 2024 - 10:45