Најчудниот гол кој ќе го видите сезонава го даде Канада
Во квалификациите за Светско 2022 Канада е прва во КОНКАКАФ зоната со 4 бода пред САД и Мексико на три кола пред крајот. Канаѓаните синоќа го совладаа Ел Салвадор на гости со 0:2. Мечот го отвори ветеранот од Бешикташ Атиба Хатчисон (38) со најчудниот гол кој паднал сезонава.
По еден центаршут на Ларин, Хатчисон со глава шутира а топката се одбива во стативата, па од играчот на Ел Салвадор се одбива од грбот на Хатчисон и конечно влегува во мрежата. Необјасниво: