Најава на сезоната како за филмски фестивал

Со фантастична најава, како во старите добри времиња во англискиот фудбал, БиБиСи спорт го пречека мечот од ФА Купот меѓу второпласираниот во втора лига Шефилд Јунајтед и четвртопласираниот во Премиер лига Тотенхем. На култниот стадион „Брамал Лејн“ во Шефилд, градот на железото и челикот.

На крајот Шефилд со 1:0 го совлада големиот фаворит кој го имаше и Хари Кејн во составот и се пласираше во четвртфиналето каде ќе игра против Блекбурн Роверс.

Најдобрите моменти и голот:

На останатите средби, Манчестер Јунајтед го пречекува Фулам, Манчестер Сити - Барнли, а Брајтон - Гримбзби Таун.

3 март 2023 - 16:03