На секој стадион би го исвиркале, во Јужна Кореа доби аплаузи

На пријателска средба како подготовка за Светско првенство, Бразил гостуваше во Сеул и до врв ја наполни мрежата на Јужна Кореа (1:5). Голови дадоа Ришарлисон, Нејмар (2 од пенал), Филипе Кутињо и Габриел Жезус. Кога ѕвездата на ПСЖ излегуваше од игра, илјадници навивачи го испратија со стоечки овации. А досега бил исвиркан на секој противнички стадион во кариерата.

 

3 јуни 2022 - 10:23