
Пред неколку дена, на 28-ми септември Ромелу Лукаку останал без татко му Роџер кој починал на 58-годишна возраст во Киншаса, главниот град на ДР Конго, земја во која се вратил да живее по разделбата со мајка им на Ромелу и Џордан.
Но сега Ромелу и брат му Џордан (играше и тој во Италија за Лацио од 2016 и 2020) откриле како нивната желба да го земат татко им од Белгија и да го погребаат во Брисел била категорично одбиена од роднини во Конго.
„Порака од брат ми и мене. Како што можеби знаете, планиравме овој петок да имаме погреб но поради одредени одлуки донесени во Киншаса, погребот ќе се одржи таму. Татко ни почина на 28. септември и ние како браќа пробавме се за да ги донесеме назад неговите посмртни отатоци во Европа но чувствуваме дека сме избркани од некои луѓе.
Ако татко ми беше тука денес, тој немаше да го дозволи ова. Ова ни ја скрши нашата душа што нашиот татко не почива во мир. Но некои луѓе не даваат. Сега сфаќаме зошто татко ни не држеше на страна од многу луѓе.
Бог да ја благослови твојата душа“, стои во објавата на браќата Ромелу и Џордан Лукаку.
КОЈ БИЛ РОЏЕР ЛУКАКУ?
Не само фудбалери само Ромелу и Џордан. Страста за фудбалот ја наследиле семејно, од татко му кој играл дури и за репрезентацијата на ДР Конго (на времето Заир) со 11 настапи и две учества на Африканскиот Куп на нации (1994, 1996). Роџер имал 135 настапи во Белгија и дури 47 постигнати гола за екипите на Металворкерс и Жерминал Екерен пред да отиде во Турција. Подоцна пак се вратил во Белгија и играл за Малине и Остенде.
Лукаку на своите профили ги избришал сите фотографии и ги оставил само оние семејните. Тој објавил неколку приказни со татко му на Инстаграм: