На кров на црква во Италија пронајдени десетина фудбали, имало и од Светско 1978

Необична вест стигнува од Италија каде еден кров на еден стар храм одамна не бил чистен. Решиле да се качат со механизација и горе што да видат: десетина стари фудбалски топки.

На фотографијата е црквата Сан Томазо Апостоло изградена уште во далечниот XI век (1064. година). Се наоѓа на истоимениот плоштад во градот Асколи во централна Италија.

Интересно пронајден бил и фудбал Tango, легендарна топка произведена за Светското првенство 1978 во Аргентина, наречена според најпознатиот аргентински танц. Фирмата адидас тогаш за тој Мундијал спремил нов фудбал Telstar 1978 но фудбалските вљубеници веќе биле фасцинирани од визуелниот изглед на топката Tango 1978 па ФИФА решила на Светското да се игра со таа топка.

(Сеќавање на сите култни топки од сите Светски првенства)

Ова била прва ваква топка од „семејството“ Tango фудбали кои се користа и на Европски првенства па и на Олимписки Игри дури до 1998 година.

Катедралата Сан Томазо Апостоло е изградена во градот Асколи Пичено кој се наоѓа во реонот Марке со околу 50 илјади жители.

Најголема носталгија го фатило советникот за спорт во општина Асколи, Нико Сталоне кој порано се занимавал со фудбал и играл во три професионални лиги: во Серија А за Асколи (сега клубот е во Серија Б), во Серија Ц и играл во Серија Д. Сталоне работи и како тренер на малото клупче Гротамаре.

„Не е чудно што овие топки многу остареле. Можам да ја замислам тагата на оние кои тогаш не можеле да си ги добијат зошто немаше многу топки. Но тоа беа старите добри времиња и можеби враќањето за играње на улица би можело да биде од голема добробит за социјализација на младите и италијанскиот фудбал.

Ние живеевме и растевме на улица, но беше помалку опасно од сега. Денес родителите ги носат своите деца во школо и во фудбалските школи и други спортови дури и кога се поголеми, се чуствуваат посигурно така“, вели Нико Сталоне.

Епископ од Асколи, Џанпјеро Палмиери исто додава:

„Во Асколи имаше многу места каде се играше на улица. Но во некои големи градови младите луѓе не смеат да играат по парковите, а исто е и во дворовите на повеќеспратните станбени згради. Кога ќе можат, тоа на сите ни недостига. Мора да се размислува за тоа. Овие топки се доказ дека во минатото младите луѓе ги користеа сите слободни пространства и постојано се дружеа едни со други“.

 ШТО БИДНА СО КЛУБОТ АСКОЛИ?

На улиците на ова симпатично градче првите фудбалски топки ги играле десетина деца кои подоцна стигнаа до врвната Серија А. На пример Пепе Јакини кој денес е тренер на Парма, заедно со неговиот асистент Пепе Кариљо исто од Асколи.

Од познатите играчи од овој град се: Лоренцо Скарафони, Пјетро Ѕаини, Мариано Фиораванти, Антонио Алоизи, Матија Дестро (прв шпиц на Џенова), Освалдо Манчини, Рикардо Орсолини (главен играч на Болоња сезонава) и Доминик Агостини кој како играч на Асколи го постигна еден од најубавите голови во историјата на Серија А.

Во сезоната 1987/1988 постигна еврогол кој во градот се памети ден-денес.

Врвна заебанција за слободните удари на Роналдо во Јувентус

5 април 2022 - 10:50