На кој што му треба за осминафинале во ЛШ

Тотенхем, Интер, Ливерпул, Наполи, ПСЖ, Лион и Хофенхајм ќе се борат за единствените четири слободни позиции за нокаут фазата во ЛШ. Само Валенсија, Бенфика и Клуб Бриж се сигурни патници во ЛЕ. За таму има уште пет слободни места.

ГРУПА А

Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд се сигурни осминафиналисти, Клуб Бриж сакал нејќел продолжува во Лига Европа, а Монако ќе биде само гледач. Единствената дилема е кој ќе биде прв. Во случај на ист број бодови, лидер ќе биде Борусија.

Клуб Бриж - Атлетико Мадрид
Монако - Борусија Дортмунд

Табела: Атлетико Мадрид 12, Борусија Дортмунд 10, Клуб Бриж 5, Монако 1

ГРУПА Б

Барселона е математички прва, а ПСВ последен, што значи еден од Интер и Тотенхем ќе мора да се задоволи со пласман во ЛЕ. И двете екипи имаат иста гол разлика -1, но Англичаните имаат повеќе постигнати голови на гости и затоа се втори. Со победа ќе станат осминафиналисти, но тестот се вика Камп Ноу. Интер има полесна задача, но и во случај на триумф ќе чека исход од другиот дуел.

Барселона – Тотенхем
Интер - ПСВ

Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 2

ГРУПА Ц

Уште кога ја извлекоа оваа група се знаеше дека ќе биде замрсена до крај. Во оваа ситуација се чини дека во најповолна ситуација се парижаните кои и гостуваат на елиминираната Ѕвезда. Ако ја оправдаат фаворитската улога, нема да се оптоваруваат со резултатот од другиот меч.

За Ливерпул да биде осминафиналист мора да го победи Наполи 1:0 или со два гола разлика и така би одел поради подобриот меѓусебен скор. За Италијанците да патуваат во нокаут фаза има повеќе варијанти: победа, реми или пораз со еден гол разлика и постигнат гол. (пример 2:1, 3:2...). Исто така и ако во Белград се случи сензационален пораз на ПСЖ.

Црвена Ѕвезда - ПСЖ
Ливерпул - Наполи

Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Црвена Ѕвезда 4



ГРУПА Д

Во оваа група битка ќе се води само за третата позиција која води во ЛЕ, бидејќи Порто и Шалке се математички на прва и втора позиција.

Галатасарај - Порто
Шалке - Локомотив Москва

Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив Москва 3

ГРУПА Е

На осминафиналистите Баерн и Ајакс во последното коло им преостанува само да го одиграат мечот по кој ќе се реши кој ќе биде прв, а кој втор. Бенфика ќе игра во ЛЕ, а АЕК на свадби.

Ајакс - Баерн Минхен
Бенфика - АЕК

Табела: Баерн Минхен 13, Ајакс 11, Бенфика 4, АЕК 0

ГРУПА Ф

Манчестер Сити е сигурен патник во осминафинале, а Шахтјор и Лион ќе бијат битка за втората позиција. За Украинците само победа е во игра ако сакаат понатаму.

Манчестер Сити - Хофенхајм
Шахтјор Доњецк - Лион

Табела: Манчестер Сити 10, Лион 7, Хофенхајм 5, Шахтјор 3



ГРУПА Г

Реал Мадрид и Рома ќе играат без притисок во групата Г бидејќи се математички осминафиналисти. Бодови ќе бркаат нивните противници за третата позиција.

Реал Мадрид - ЦСКА Москва
Викторија Плзен

Табела: Реал Мадрид 12, Рома 9, Викторија Плзен 4, ЦСКА Москва 4

ГРУПА Х

Единствената дилема во оваа група е кој ќе биде прв. Лигата на Европа е резервирана за Валенсија.

Валенсија - Манчестер Јунајтед
Јанг Бојс – Јувентус

Табела: Јувентус 12, Манчестер Јунајтед 10, Валенсија 5, Јанг Бојс 1

11 декември 2018 - 14:35