
Грабежот се случува во Рио де Жанеиро, а снимката е направена од надзорна камера, во моментот кога се обидува да се паркира.
Разбојниците го следеле Фред, кој инаку е спортски директор на Флуминенсе после натпревар во четвртокот ноќта. Од другиот автомобил излегуваат тројца.
Инаку Фред се пензионираше лани како играч на Флуминенсе каде е втор најдобар стрелец со 199 гола.
Славниот напаѓач ги тресеше мрежите и за Атлетико Миниеро, Крузеиро и Лион и кариерата ја заврши со 395 клупски погодоци.
За Бразил има 39 настапи и 18 гола, како и учества на Мундијалите 2006 и 2014.