На денот на мечот со Македонија, затворен е првиот човек на украинскиот фудбал

Надлежната судијка од Шевченкивскиот окружен суд, Лавова Билинска донела пресуда за 60-дневен притвор без право на кауција за претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз (УАФ) Андреј Павелко. Тој е обвинет за финансиски малверзации и проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта. Со него е осуден и генералниот секретар на УАФ, Јуриј Записоцки. Вечерва Украина во Скопје игра меч од квалификациите за Европско првенство 2024.

На барање од Печерскиот окружен суд во Киев во ноември лани Андреј Павелко бил уапсен. Му бил одреден 2-месечен притвор до 22-ри јануари 2023-та година.

Истовремено тој имал право да приложи кауција во износ од 9,8 милиони гриви и веднаш го сторил тоа.

По истрагата бил отворена кривична постапка против Павелко за можна проневера на 270 милиони гривни или околу 11,16 милиони долари од буџетот издвоен за изградба на фабрика за производство на вештачка трева и за фудбалски терени со вештачка трева во неколку региони. 

Потпретседателот на Украинската фудбалска федерација Олег Протасов во меѓувреме ја критикувал одлуката на судот и рекол дека ќе бара лична средба со претседателот на Украина Зеленски за да го испита случајот со затворениот претседател на сојузот Анреј Павелко.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Footballhub (@foothubua)

16 јуни 2023 - 12:53