На 16 години вака да дробиш за Барса не е мала работа

Повредениот Лионел Меси вчера можеше да си ја гледа Барса мирен и спокоен, бидејќи ај што ја потепаа Валенсија со 5:2 без него, туку и покажаа каква иднина создаваат во славната Ла Масија. Погледнете што правеше детево.

Младата сензација со специфично име Ансу Фати веројатно ќе треба добро да ја запамeтиме. Детево доаѓа од африканската земја Гвинеја-Бисао, во Барселона се кали од 10 години и еве го на само 16 почнува да млати во прв тим.

На 31 август го постигна првиот гол за Барселона против Осасуна и со 16 години и 304 дена, стана најмладиот стрелец на Барса, како и трет најмлад стрелец во историјата на Ла Лига.

Синоќа против Валенсија стигна до нов рекорд. Фати постигна гол уште во 2 минута, а во 7-ма му асистираше на Де Јонг за 2:0. На тој начин стана најмлад играч во Лига со гол и асистенција на еден натпревар.

Со овие години, двојно помалку од Меси, да дадеш гол, да асистираш и вака лесно и самоуверено да играш за еден гигант пред толпа народ, значи дека тука се крие страшен потенцијал.

 

15 септември 2019 - 09:41