Мурињо и официјално си оди од Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез соопшти дека Жозе Мурињо нема да биде тренер на клубот следната сезона.

Она што долго време се шпекулира, сега и официјално е потврдено. Жозе Мурињо од ова лето нема повеќе да биде тренер на Реал Мадрид. Оваа информација ја објави лично првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Португалецот имаше договор со Реал Мадрид до 2016-та година, но по најлошата сезона во неговата кариера, на задоволство на двете страни, неговиот договор е раскинат.

Мурињо пристигна во Реал Мадрид во 2010-та година и за три сезони освои по една титула во првенството и купот.

Медиумите од Шпанија и Англија шпекулираат дека Мурињо ќе се врати во Челси, а неговото место во Реал Мадрид ќе го преземе Карло Анчелоти.

20 мај 2013 - 21:25