Мрме заработувал 53 пати помалку од Лев

Чешкиот „Испорт Блеск“ ги објави платите на сите селектори на репрезентациите кои беа или сè уште се дел од Европското првенство.

Од 24-те селектори број 1 според заработувачка е Јоаким Лев кој ја водеше Германија со годишна плата од 10,1 милион евра, а последен Игор Ангеловски со 191.000 евра годишно.

Тоа значи дека нашиот селектор во заминување имал месечна плата од 16.000 евра, а германскиот 840.000 евра.

Мрме земал двојно помалку и од претпоследниот на листата, а тоа е предводникот на Словачка, Штефан Таркович.

Висока плата има и Дидие Дешамп на втората позиција, а 15 селектори имаат плата изразена во милиони.

2 јули 2021 - 15:23