Мистичниот Клаксвик од Фарски Острови прави чуда на патот до Лига на шампиони

Откако го урна трофејниот унгарски Ференцварош, анонимниот клуб од Фарски Острови направи нова сензација во квалификациите за ЛШ и го совлада и шведски Хакен и обезбеди најмалку пласман во групна фаза од Лига Европа!

Необично е и занимливо што Клаксвик од Фарски Острови и на двата двомеча дома играше без голови а на гости постигна по три гола или вкупно шест!

Клаксвик по Ференцварош кој цело лето правеше тим проектиран за групна фаза на некој еврокуп, го елиминираше и шампионот и освојувачот на Купот на Шведска Хакен.

На првиот меч на Фарски Острови беше 0:0 а на гости во Шведска Клаксен чудесно се избори за 3:3 и пенали на кои славеше. Во регуларниот дел беше 2:2.

Во пенал-рулетот Хакен имаше 2 промашувања а Клаксен едно и заслужено оди во следна рунда каде ги чека силниот норвешки Молде. Но силни беа и Ференцварош и Хакен. Клаксвик доаѓа од градче со 5.024 жители и со Сан Марино и Балзан се најмалите места кои стигнале до втора или трета рунда во квалификации за еврокупови.

Коефицентите во обложувалниците дека Клаксвик ќе го помине Ференцварош оделе од 8.00 па нагоре а со Хакен од 5.10 па нагоре. 

ТРЕНЕР НОРВЕЖАНЕЦ ЗА КОГО ОВА Е ПРВА САМОСТОЈНА РАБОТА, А ГЛАВНА ЅВЕЗДА ИМ Е ПРОПАДНАТ ТАЛЕНТ ОД САУТЕМПТОН

Фарски Острови се сметаат за најсеверна европска држава, односно покраина на Данска. Под кралството на Данска влегла во 1816. година, но има широка автономија од владата во Копенхаген. На Фарски Острови живеат околу 54.000 жители. Главна професија е риболовот, а Фарски Острови од неодамна се развиваат и на спортски план.

Доказ за тоа е и фудбалскиот клуб Класвик.

Клаксвик има скромен тим. На сајтот трансфермаркт само еден играч во историјата на клубот во текот на кариерата и тоа кога не играл на Фарски Острови вредел нешто над 1 милион евра.

Тоа е Норваженецот Вехард Форен кој во 2013-та година потпишал со Сатуемтпон, но стоперот вреден 1,5 милиони евра не се снашол најдобро и добил отказ.

Затоа 35-годишниот Форен решил пред крај на кариерата да му се придружи на другарот Магне Хосет, 42-годишен тренер на анонимниот Клаксвик од Фарски Острови.

Интересно Вегард долго време играл за Молде под водство на Оле Гунар Солскјер и играл со Ерлинг Халанд во екипа а Хосет пак во репрезентацијата на Норвешка бил соиграч со татко му на Халанд, најдобриот стрелец во цела Европа минатата сезона.

Магнус Хосет пред неколку години започнал тренерска кариера и некое време бил помошник. Во јануари 2023-та станал главен тренер на Клаксвик а само пола година подоцна ја испишал најлудата фудбалска историја на Фарски Острови.

Ниту една екипа од оваа мала земја никогаш не стигнала до групна фаза од еврокупови. Најголемиот успех на Клаксвик бил две поминати квалификациски кола во Лига Европа 2019/2020. Следната година стигнале дури до баражот но изгубиле од ирски Дандалк.

Интересно Клаксвик во следната рунда ќе игра против Молде, поранешниот клуб на Магне Хосет (тренерот) и Вехард Форен (стопер).

КАКОВ Е СТАДИОНОТ НА КЛАКСВИК НА КОЈ ЌЕ СЕ ИГРААТ ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАРИ ОД ГРУПНА ФАЗА

Со самиот пласман во следната рунда од квалификации за ЛШ, Клаксвик веќе осигура најмалку групна фаза во Лига Европа дури и да испадне од Молде. Стадиончето на Клаксвик е најисточно место за фудбал на Фарски Острови. Се вика „Вид Дјупумирар“ и собира околу 2.5000 гледачи. Околу него има прекрасни пејзажи и неретко се гледаат стада крави или овци како пасат на околните тревници.

И покрај тоа што е права романтична бајка, ова стадионче сепак не ги исполнува условите од стадион за 3-та категорија според статијата 29.01 на УЕФА. Трета категорија се стадиони со капацитет од најмалку 4.500 места.

Покрај тоа и за пласман во групна фаза на Лига Конференции минимумот е 8.000 седечки места но на Фарски Острови таков стадион нема. Дури и двата стадиони во главниот град Торшавн собираат 5 и 6.000 гледачи и таму игра репрезентацијата на оваа земја. Можно е УЕФА да направи исклучок и да дозволи да се игра на симпатичниот „Вид Дјупумирар“ или на некој друг стадион во земјата.

Постои веројатност и Клаксвик да игра домашни мечеви од групна фаза во Данска но до таму има 1.400 километри пат, така што не е баш привлечна можност.

Како и да биде, Клаксвик е најголема фудбалска сензација летово. Сега ги чека двомеч со силниот Молде во 3. квалификациско коло за пласман во Лига на шампиони.

Замислете ги Реал Мадрид, Манчестер Сити, Наполи, Баерн Минхен или Барселона на ова стадионче....

3 август 2023 - 09:44