Мирко Ивановски кој има 27 настапи за Македонија удри по селекторот Боби Милевски после срамните 1:1 против аутсајдерот Фарски острови, која е 138-ма селекција на рангот на ФИФА.
Се работи за остров со околу 50.000 жители, тројно помалку од општина Аеродром и со полуаматерски фудбал.
„Селекторе, доста е! Оди замини, дај си оставка, немој да не лажеш нас како сегашни, поранешни или идни фудбалери и репрезентативци дека сме на прав пат.
Кога дојде за селектор изјави дека играчите што не играат или немаат клубови нема да бидат повикани, а вчера после онаа изјава дека и тие што не играат и немаат клубови се во форма, треба веднаш да ти се земе лиценцата која сигурно ја имаш земено преку ред со ќебапи!
Дали денес се увери, односно дали виде со твои очи дека тие што не играат и немаат клуб и континуитет, едноставно не можат! (колку и да сакаат).
И како шлаг на торатата, капитенот на репрезентацијата да не ја пее химната односно да не ја знае (без разлика која националност е, не ме интересира, може да биде што сака)“, напиша 34 годишниот Ивановски кој игра во Романија.
Срамен резултат за македонските фудбалери, само реми со Фарски Острови