Ова е седми натпревар на Македонија по ред без триумф што е една од најцрните серии во поновата историја.
Селекторот Милевски се реши да тргне во формација 4-2-3-1 а шанса добија Иљазоски и Димоски на бек, а во среден ред почнаа Исник Алими и Диимтар Митровски.
Во почетниот состав беа уште и стандардните Столе Димитриевски, Елиф Елмас, Енис Барди и новиот центарфор на Жирона кој ќе игра во Лига на шампиони, Бојан Миовски.
На вештачка трева на стадионот во Торшавн Фарски Острови први имаа шанса кога шутираше Ватнамар но топката од блокот отиде во корнер. Токму од тој корнер по голема гужва пред голот на Македонија, главниот судија досуди пенал за домаќините. Иљазовски го фаулирал Ватнамар.
ВАР потврди дека е пенал а бекот Давидсен лесно го совлада Димитриевски за шокантно водство на Фарски Острови:
Примениот гол уште повеќе ги збуни македонските фудбалери, па набрзо Серафимов доби жолт картон а неговите соиграчи правеа почетнички грешки во додавањата.
Најголема шанса за израмнување Македонија имаше во 19' минута кога по убава асистенција на Миовски, Чурлинов го пројде домашниот голман Рејтанрад но стоперот Јенсен блокираше пред сам гол.
Со резултат 1-0 се отиде на полувреме.
Селекторот Благоја Милески направи замени на полувреме, во игра влегоа Езѓан Алиоски и Лирим Ќамили од данскиот Сондерјиске. Уште во 49' минута Македонија доби пенал. Енис Барди беше сигурен реализатор за 1-1:
Македонските фудбалери во продолжение од мечот имаа посед на топка, вртеа околу противничкиот гол но не го најдоа патот до мрежата за водство. Имаа зрели шанси Чурлинов и Миовски, а најголема шанса промаши токму нововлезениот Лирим Ќамили кој се посрамоти од 5 метри пред голот на Фараните:
На крајот конечни 1-1 што сигурно влегува на листата најсрамни резултати во историјата на македонскиот спорт. Во вторник во второто коло од својата група Македонија ќе игра против Ерменија во Скопје.