Миовски и Жирона испаднаа од Купот поради судиска грешка

Во време на натпревари од Куповите ширум Европа, многу прволигаши тактизираат со своите состави и ги мешаат картите. Тоа често ги чини рана елиминација. Така Жирона за која не играа неколку првотимци меѓу кои и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски испадна сензационално од Купот од третолигашот Логроњес на пенали.

За време на пенал серијата при резултат 3:3, ветеранот и култен центарфор на Жирона, Кристијан Стуани шутираше пенал а топката после пречка се одби од земја и излезе надвор.

На повторената снимка се гледа дека топката ја преминала линијата но поради тоа што немало ВАР во шпанскиот Куп, судиите не можеле да видат повторена снимка. До крајот Жирона испадна од тим за кој бранеше бекот Пау Арнау и стана јунак со одбранети пенали.

Според коментарите, линискиот судија кој стои до голот обрнува внимание само на тоа нозете на голманот според правилото да се на линијата во моментот на изведување ан пеналот а не обрнал внимание на другите фактори.

Последниот пенал го имал Логроњес, го изел Јасин Ирибарен кој бил прецизен и го однел својот тим во следното коло од Купот на Кралот. 

6 декември 2024 - 15:11