Миовски головите во Шкотска ги дава со стил

Абердин како третопласиран прослави голема победа од 2:0 над второпласираниот Глазгов Ренџерс. На голгетерското мени на македонскиот репрезентативец дојде на ред и 55 кратниот шкотски првак. Бојан Миовски го постигна вториот гол на мечот со мајсторска реакција во шеснаесетник и го запиша својот 16-ти гол сезонава.

24 април 2023 - 08:17