Во Лига Европа останаа уште 32 екипи кои денес во седиштето на УЕФА ги дознаа своите противници на патот кон Лион каде се игра финалето. Ждрепката ја влечеше легендарниот француски фудбалер Ерик Абидал.
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - АТАЛАНТА
НИЦА - ЛОКОМОТИВ МОСКВА
КОПЕНХАГЕН - АТЛЕТИКО МАДРИД
СПАРТАК МОСКВА - АТЛЕТИК БИЛБАО
АЕК - ДИНАМО КИЕВ
СЕЛТИК - ЗЕНИТ
НАПОЛИ - ЛАЈПЦИГ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - ЦСКА МОСКВА
ЛИОН - ВИЉАРЕАЛ
РЕАЛ СОСИЕДАД - САЛЦБУРГ
ПАРТИЗАН - ПЛЗЕН
СТЕАУА - ЛАЦИО
ЛУДОГОРЕЦ - МИЛАН
АСТАНА - СПОРТИНГ
ОСТЕРСУНД - АРСЕНАЛ
МАРСЕЈ - БРАГА
Првите средби од 16-финалето ќе се играат на 14 февруари а реваншите ќе бидат седум дена подоцна.
Ждрепката за осминафиналето е закажана за 23 февруари а дуелите од оваа фаза ќе се играат на 8 март со реванши на 15 март. Четвртфиналните парови ќе ги дознаеме на 16 март а дуелите ќе се играат на 5 април и 12 април. Кои ќе играат во полуфинале ќе дознаеме на 13 април а средбите ќе се играат 26 април со реванш на 3 април.
Финалето е закажано за 16 мај на Стад де Лион во Лион.